Млад прилепчанец најден мртов во куќа

Во четвртокото во Прилеп бил пронајден мртов 28-годишен маж по потекло од градот во куќа на улица „Цане Коњарец“.

На 28-ми февруари во 9,30 часот, во Полициската станица во Прилеп, било пријавено дека во куќа на улица „Цане Коњарец“ во Прилеп има починато лице.

Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп излегле на местото на местото, и било констатирано дека станува збор за лицето С.С.  од Прилеп и дека нема траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција, велат од МВР.