Млад радовишанец поради девојка избоде сограѓанин

Девојка причина на крвав инциден во Радовиш.

Млад и заљубен радовишанец поради девојка направивл хаос низ градот, два пати се обиде да го убие противникот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи пред пет дена 18-годишниот З.Т. од радовишкото село Раклиш два пати се обиде да го убие три години постариот Д.И. од Радовиш.

Околу 13.15 часот по предходна расправа за девојка, З.Т. се обидел да го прегази Д.И. со мотор. Откако не успеал во првичната замисла, кратко потоа, на улицата Илија Алексов тој го пресретнал противникот и со нож му нанел четири убодни рани во пределот на рамото, раката и ногата.

Од страна на судија на пријавениот му е одредна мерка притвор во траење од 30 дена и кривична пријава за обид за убиство.