Млад скопјанец во текот на полициски час фатен со дрога

Деветнасетгодишно момче ноќта кон вторникот околу полноќ во скопската населба Ченто, во текот на полицискиот час воведе поради епидемијата од коронавирусот, бил сопрен од полициски службеници кои притоа кај него пронашле извесно количество марихуана.

Министерството за внатрешни работи информираше дека изминатата ноќ во 00:00 часот, за време на ограничено движење, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Финска“ го лишиле од слобода 19-годишниот К.М. од Скопје.

Според информации на МВР при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.