Млад тетовец приведен по претрес на неговиот автомобил

Утринава во 2 часот во село Камењане полициски службеници при извршен преглед на Ј.И.(23) од село Долно Палчиште-тетовско кој управувал возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки пронашле бела прашкаста материја.

Тој бил лишен од слобода во СВР Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.