Млада девојка е тешко повредена откако со својот автомобил излетала од коловозот веднаш по надвозникот кај Добарце, инвормираше во вторникот Министерството за внатрешни работи.
Во понеделникот во 09.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Групчин – Тетово, после надвозникот за селото Добарце, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишна А.М. од селото Чифлик, излетало од патот и удрило во дрво и сообраќаен знак.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.М. по што била пренесена во Клиничката болница-Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.