Млада девојка застрелана во Пехчево, во неа пукал дечкото со кој живеела

Дваесетгодишна девојка од Пехчево вчера била донесена во болницата во Пехчево со прострелна рана од пиштол во стомакот.

Вчера во 18:45 часот од Здравствениот дом Пехчево било пријавено дека кај нив била донесена С.Н.(20) од Пехчево со прострелна рана од пиштол во стомакот.

Според информациите од полицијата, девојката ја ранил И.Н. (23) од Пехчево, а пукањето се случило во домот каде заедно живееле.

Девојката била препратена во Медицинскиот центар Штип, а И.Н. е приведен во полициска станица.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава.