Млада гевгеличанка ја тепала бабата, па физички нападнала полицајка

Дваесет и четиригодишна жителка на Гевгелија физички ја нападнала својата речиси седумдесетгодишна баба, по што интервенирала полициска службеничка која исто така била цел на напад од пријавената.

Во саботата околу пладне кога во Полициска станица Гевгелија била приведена 24-годишната А.Р. од Гевгелија, бидејќи нападнала полициска службеничка.

Полицајката интервенирала по пријава од 79-годишниот Т.Р.дека истиот ден околу 10 часот неговата сопруга 72-годипната Р.Р.(72) од Гевгелија била физички нападната од нивната внука.

По целосно документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.