Млада холандска фудбалерка може да игра со машките сениори

Холандскиот фудбалски сојуз (KNVB) издаде дозвола за 19-годишната Еле Фокема, членка на аматерскиот четвртолигаш Фоарут, да стане првата сениорка којашто ќе заигра во машка екипа.

Досега фудбалерките можеа да настапуваат за аматерски екипи во помладите категории, по што можеа да продолжат да играат или во женските екипи или во машките Б тимови.

„ KNVB се залага за разноликост и еднаквост. Убедени сме дека во фудбалот мора да има простор за сите. На нејзиното искуство ќе видиме дали ќе ги менуваме правилата“, изјави директорот за развој во сојузот, Арт Лангелер.

„Фантастично е што можам да продолжам да играм во оваа екипа. Со овие момци играм од петтата година и ќе бев разочарана кога не би можела да продолжам“, изјави Фокема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.