Млада српска актерка најдена мртва по предозирање

Триесетгодишната српска актерка Ивана Млаѓовиќ, која толкуваше епизодна улога во серијата „Село гори, а баба се чешла“ е пронајдена мртва во стан на  нејзин пријател во Крагуевац, пренесува порталот на весникот Блиц.

Српските медиуми пишуваат дека Млаѓовиќ, која е поранешна „плејбој зајачица“, починала поради предозираност со психоактивни супстанции, а ја пронашле пријателите во чијшто стан била.

Покрај неа, во несвест е пронајден и нејзиниот вереник, кој итно е префрлен во болница. Според последните информации, дошол при свест и се опоравува