Млада жена го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Бели мост

Попладнето во вторникот околу 16,20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано Бели мост  се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби 25-годишната Ј. Г., жителка на демирхисарското село Белче.

Од СВР-Битола вечерва соопштија дека во сообраќајната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г., на 33 години од селото Белче, демирхисарско, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г. од село Белче каде од страна на Итна медицинска помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката болница Битола констатирани се тешки телесни повреди.

Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола, а од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.