Млада жена тешко повредена во сообраќајка во Струмица

На 31.10.2022 во 12.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Балканска“ во Струмица, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(62) од Скопје, со живеалиште во Струмица, удрило во М.Р.(28) од с.Еднокуќево, струмичко, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.