Младите до Заев: Каде е ветената нова велисипедска патека?

Младите до Заев: Каде е ветената нова велисипедска патека?

Подолго време општина Струмица е без градоначалник. Сегашниот, Зоран Заев си глуми градоначалник, а си тера други агенди. Тој само ги троши нашите пари, а во општината на виделина нема ништо, велат младите струмичани. Младите до Заев: Каде е ветената нова велосипедска патека?, пишува Курир.

-Проектите кои ни ги ветуваше останаа на хартија, а каде завршија парите само тој знае. Го прашуваме Заев за еден проект кој тој ни го вети, изградба на велосипедска патека од Струмица преку Куклиш до Габрово. Каде е велосипедската патека која ни ја ветивте, зошто не излажавте? Каде завршија парите за изградба на патеката?, го прашуваат Заев младите струмичани.

mladi-strumica-zaev-pateka-velosiped1

Струмичани велат дека токму поради неизградбата на ветената велосипедска патека, во опасност се доведуват животите на сите млади и оние кои се приморани со велосипед да возат по регионалниот пат каде неретко се случуваат сообраќајни несреќи.

Загрижени од неодговорното и недомаќинство работење на Заев, тие побараа негова неотповиклива оставка и распишување на вонредни локални избори во Струмица додавајаќи дека на граѓаните на општина Струмица им треба градоначалник кој ќе ги решава комуналните проблеми и ќе има слух за маките на струмичани.