Младиот актер Марк Салинг најден мртов

Триесет и петгодишниот Марк Салинг, кој го призна поседувањето на детската порнографија, принајден е мртов откако најверојатно извршил самоубиство, објавија во вторникот американските медиуми.

Актерот познат по настапот во популарната телевизиска серија „Glee’, бил пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

Според процените на медиумите, Салинг ќе добиел меѓу четири и седум години затвор, откако иследниците во неговиот компјутер пронашле илјадници фотографии со детска порнографија. На одлуката на првостепениот суд се жалеше во октомври мината 2017 година. Откако избегна подолга казна од 20 години затвор.

Актерот се договори со судот и ја признае вината, по што беше осуден на казна меѓу четири и седум години, а потоа требаше да излезе на условно. Наредните 20 години требаше да биде под надзор на полицијата, впишан во регистарот на сексуални престапници. Со отслужување на затворската казна требаше да започне во март, а до тогаш беше на слобода поради платена кауција.

Стана популарен по улогата на фудбалерот Ноа „Пак“ Палерман кој ја толкуваше во „Glee“ во периодот од 2009 до 2015 година. Во 2015-та беше уапсен по дојавата дека поседува фотографи од сексуално злоставувани деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.