Младиот египетски тенисер Хосам доживотно суспендиран

Јусеф Хосам

Единицата за зачувување на интегритетот во тенисот (TIU) објави дека доживотно го суспендирала 21-годишниот Египѓанец Јусеф Хосам, поради тоа што му е докажана вмешаноста во местењето на повеќе мечеви и други коруптивни активности во тенисот во периодот меѓу 2015 и 2019 година.

Од TIU набројале дури 21 прекршок на Хосам поврзан со обложувањето на резултатите од тениските мечеви на турнирите на пониско ниво.

Најдобриот ранкинг во кариерата на Хосам беше 291-то место на поединечната табела од декември 2017 година, додека во моментов е 820-ти играч на светот.

Пред две години и неговиот постар брат Карим, исто така, беше доживотно суспендиран поради местење на резултатите на тениски мечеви.