Младиот Карваљо се сели од Реал во Борусија Д

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид го позајмни на две години 18-годишниот бразилски играч од средиот ред Реиниер Жезус Карваљо на Борусија Дортмунд, потврдија двата клуба.

Реиниер му се приклучи на „Кралскиот клуб“ во јануари годинава за 30 милиони евра од бразилски Фламенго, а сега оди по стапките на Ашраф Хакими, кој последните две сезони ги мина во Борусија, исто така, како позајмен играч од Реал.

Хакими на почетокот од јули „Кралскиот клуб“ го продаде на милански Интер за 40 милиони евра.

Реиниер, кој настапуваше за младите бразилски селекции до 15, до 17 и до 23 години, со Реал Мадрид има дговор до 2027 година.