Младите на СДСМ ќе маршираат на Парадата на гордоста

Од младината на СДСМ денеска соопштија дека утре ќе се приклучат на Парадата на гордоста во Скопје.

Маршираме затоа што ние младите социјалдемократи веруваме дека државата треба да се грижи за благосостојбата на секој, и сите да се чувствуваат слободни и еднакви, велат од СДММ.

Под мотото „Вон ѕидовите“ утре точно на пладне почнува втората парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.