Младите престапници во Франција ќе можат на обука во војската

На младите злосторници и осуденици во Франција во иднина ќе им биде понудена можноста дел од затворската казна да ја отслужат во војската, соопштија во четвртокот министерот за одбрана Себастиен Лекорну и министерот за правда Ерик Дупон-Морери во североисточниот град Мец.

Најавата дојде по неуспешниот пилот проект чија цел е зголемување на бројот активни војници во француската армија. Младите престапници казнети со престој во поправителен дом ќе им биде овозможено да минат петнеделен курс кој ќе го спроведуваат војници.

Целта повторно е „да се олесни“ вработувањето или доброволното воена служба за младите од 13 до 25 години кои имаат проблеми со законот, рекоа француските министри.

Министрите планираат да вработат пензиониран воен персонал до го надгледуваат помладите колеги, потпирајќи се на своето искуство да за осмислат како ќе изгледаат доброволните воени курсеви.

Од декември 2021 година во Франција беа воведени курсеви од четири седмици кои вклучуваат главно воени вежби, на коишто учесниците учат воени вештини под водство на поранешни членови на прославената специјална воена академија Сен-Сир Коеткидан.

Француската воена морнарица, пак, организираше еднонеделни курсеви насочени кон „развивањето чувство за одговорност, тимскиот дух и почитување на авторитетите“, беше соопштено.