Младите сили на Вардар поразени кај Нашице, Еурофарм победи во Москва

Вардар со сосема нов состав предводен од Столе Петрушевски отпатува на гостувањето во Нашице кај Нексе во мечот од СЕХА лигата, меч кој младите ракометари нема да го паметат затоа што доживеаа убедлив пораз од домаќинот од 42:26.

Младите вардарци беа конкурентни во првиот дел кој го завршија со „само“ четири голови негатива (18:4) за да во продолжението Нексе комплетно доминира на двете страни на теренот и со 24:12 му нанесе тежок пораз на бранителот на пехарот во ова натпреварување.

Томиќ со осум голови  беше најдобар кај победник, додека пак кај македонскиот првак најдобар поединец беше Кукуловски со седум погодоци.

Истовремено битолски Еурофарм Работник со победата над Спартак Москва од 33:21 ја заврши групната фаза во СЕХА лигата. Македонскиот претставник го надигра противникот како во првото, така и во второто полувреме со што на победнички начин ја заокружи оваа календарска година.

Граџан со седум погодоци беа најефикасен, додека на голот одлични беа Митревски и Чаневски кои заедно забележаа 18 одбрани.

„Фармацевтите“ во осминафиналето ќе ги одмерат силите со Нексе, а ако победи во полуфиналето ривал ќе му биде Вардар.