Младо момче од Македонија застрелано в грб во престрелка во Белград

Две млади момчиња се ранети во престрелката во понеделникот вечерта на укицата Максим Горки“ во централната белградска населба Врачар.

Дваесет и деветгодишниот А.П. вечерва во 19,40  часот на аголот од улиците „Цар Николај Втори“ и „Максим Горки“ бил застрелан во пределот на десната надколеница. Ранетиот во досието има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништва. Во сила е налог за издржување затворска казна.

Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин 21-годишниот Д.Л.. Тој беше застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П или, пак, случајно бил ранет.

Се трага по напаѓачот. Според описот е на возраст од околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк, пренесува Пинк.рс.

Во моментот на пукањето паркот бил полн со деца и кога се слушнале истрелите сите се исплашиле, а потоа некој сугерирал дека најверојатно се петарди и играта продолжила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.