Младо момче си го одзеде животот скокајки од мостот на Брана Гратче кај Кочани

Младо момче К.Ј. (30 години) од Кочани си го одзело животот скокајки од круната на Брана Гратче.

Немилиот настан се случил попладнево кога според очевидци, момчето се приближило до средината на круната на браната, ги оставило своите лични предмети на патеката и скокнало во бездната длабока 30 метри.

На настанот сведочеле поголем број очевидци кои поради сончевото декемвриско попладне биле на прошетка на Гратче.

Увид во местото на настанот изврши увидна екипа од ОВР Кочани, а доктор од Итната медицинска помош Кочани констатираше смрт на лице место. Ова не е прв ваков случај. Круната на мостот на брана Градче висок околу 30 метри и претходно сведочела за вакви немили настани.