Младо момче загина во тешка сообраќајка кај „Дрекслмаер“

752

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во близина на германската фабрика „Дрекслмаер“ во Кавадарци, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој рече дека засега не може да даде повеќе детали,  бидејќи во тек е увидот на местото на настанот.

Од Брза помош Кавадарци за МИА потврдија дека едно лице на возраст од 28 години е починато, а сообраќајката била меѓу трактор и автомобил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.