Младоженец од Алжир ја тужи сопругата откако ја видел без шминка

Еден младоженец од Алжир поднел тужба против својата нововенчана сопруга откако прв пат ја видел без шминка.

Утрото по нивната свадба, мажот се разбудил и се шокирал кога ја видел неговата сопруга без шминка, јавуваат медиумите.

Овој „несреќен“ младоженец од Алжир дури помислил дека тоа не е неговата жена, туку се работи за некоја друга личност.

Таа изгледала како убавица и заводничка пред бракот, но кога се разбудил ден по свадбата ја видел сопругата без шминка и бил преплашен, затоа што мислел дека во прашање е крадец, наведува извор од локалните медиуми.