Младоженец од Нови Пазар се самоубил во Турција

Трисетипет годишниот Самир Тузинац, вчера попладне извршил самоубиство во хотел во Турција, каде бил на меден месец со својата сопруга. Тој скокнал од терасата на шести кат од хотелската соба каде биле сместени, пренесуваат српските медиуми.

Србинот е од Нови Пазар, а причините за самоубиството сè уште не се познати.

Неговата сопруга со која бил во брак само неколку дена е во шок и полицијата се уште не ја сослушала.

Како што наведува Телеграф.рс, тој во Нови Пазар живеел само со својата мајка, познат бил како добро момче, голем верник и скромен човек.

Неговото семејство веднаш се упатило кон Турција.