Македонија

дијаспората го спори легитимитетот на премиерот ММДЧП започна кампања за „итно апсење“ на „нелегитимниот премиер“ Зоран Заев

ММДЧП започна кампања за „итно апсење“ на „нелегитимниот премиер“ Зоран Заев

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) започна уште една кампања под мотото „Нашето име е Македонија”, во која бара „итно апсење на нелигитимниот македонски премиер“ Зоран Заев, поставен од САД, и на други лица, заради прекршување на македонскиот Устав, спротивно на правилата на Собранието, и заради кршење на македонските закони, се вели во писментото соопштеније на спомеантата организација до медмиуте

Сево ова, како што наведуваат натаму од ММДЧП,  е во прилог на неговите „предавнички напори“ за промена на името на Република Македонија во Северна Македонија” и, наспроти неговите одрекувања, на идентитетот на сите Македонци – во Република Македонија, во соседните земји и низ целиот свет – во Северно- Македонци.

Објавени се билборди, летоци и постери, и тие ќе продолжат да се објавуваат низ целата територија на Република Македонија се’ додека Заев и останатите не се соочат со правдата и додека еднаш засекогаш не завршат сите преговори за промена на името на Македонија.

ММДЧП ги повикува сите Македонци:

  • да се приклучат кон нашите барања за итно апсење на Зоран Заев и на другите предавнички претставници на Владата;
  • да побараат итно и безусловно ослободување на сите политички затвореници притворени од Заев;
  • да ја поддржат кампањата за бојкот на референдумот (и да го спречат тој незаконски референдум);
  • да побараат да престане масовното Западно странско мешање во насока на промена на името, како на пример заканите на претставниците на САД и ЕУ дека е “сега или никогаш”;
  • да побараат меѓународната заедница да го почитува основното право на самоопределување на Република Македонија, како и да го почитува меѓународното право и конвенциите за човекови права создадени за негова заштита;
  • да побараат меѓународните медиуми да престанат да го прикажуваат културниот геноцид над Македонците како “победа” и да ги поддржат Македонија и Македонците како и секоја друга етничка група.

ММДЧП особено го повикува Претседателот Иванов да ја употреби својата моќ како шеф на државата:

  • да нареди итно апсење на Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери, и сите останати кои го прекршиле законот и извршиле предавство, и покрај договорот што Заев го потпиша со Претседателот Иванов, а во кој тој “гарантира” дека ќе ја брани Македонија;
  • да престане со секаква дискусија за промена на името на Македонија затоа што со тоа се прекршува македонскиот Устав и закони;
  • веднаш да се повлече од Времената спогодба, затоа што не само што е истата анти-македонска, туку е и ништовна затоа што Грција ги прекрши нејзините одредби во 2008 година;
  • да побара Обединетите Нации веднаш да престанат да ги прекршуваат сопствените правила и да ја примат Република Македонија под нејзиното вистинско име;
  • да ги повика другите земји да побараат крај на недемократските и расистички преговори за промена на името, а и да ја употребат својата моќ, вклучително правото на вето на Турција во НАТО, и правото на вето на Русија во ООН, за ефективно да ги запрат сите дискусии за промена на името на Македонија.

„Користете ги хаш-таговите #ArrestZaev, #OurNameIsMacedonia и #Boycott на англиски и #АпсетеГоЗаев, #НашетоИмеЕМакедонија и #Бојкотирам/#Bojkotiram на македонски.

Македонците не смеат да дозволат да превладеат предавство, странски интервенционизам и незаконски дејствија. Нашето име е Македонија. Почитувајте го, и светот ќе ве одбрани“, се додава во соопштението..

Топ вести

собранието денеска одлучува за Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата. На матичната собраниска Комисија за уставни прашања во петокот по дводневна расправа, беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот. Поддршка за пристапување кон измените на Уставот дадоа пратеници на владејачкото мнозинство, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против. За да биде усвоена потребата од пристапување кон уставни измени треба да биде изгласана од две третини од вкупниот број пратеници во Парламентот. Во предлогот за измени на Уставот, кој Владата го утврди и соопшти во понеделникот, се предлага: Во целиот текст на Уставот пред Република Македонија се додава придавката северна; Измени во Преамбулата на Уставот со именување конкретни документи на АСНОМ заради усогласување со Договорот со Грција; Поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии и грижа за Македонците и дијаспората во странство што ќе значи дека Републиката ќе се грижи за културните, економските и социјалните права на нејзините припадници во странство без да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Од тоа дали ќе бидат обезбедени две третини за поддршка за измени на Уставот, ќе зависи и дали претстојат нови предвремени парламентарни избори, кои би се организирале со скратени рокови. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека уставните измени се апсолвирани и оти нивните пратеници нема да ги гласаат. Најавија дека се подготвуваат за избори. На состанокот на ИК на партијата викендов се разговарало за вонредните парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет со акцент на подготовка на партиската инфраструктура, која е почната и подготовка на програмата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на вонредните парламентарни избори. Премиерот Зоран Заев пак, остава простор и очекува денеска секој пратеник во Парламентот да се соочи со одговорноста и да се изјасни по своја сопствена волја, следејќи го правецот за развој на државата што, според него, го избраа огромното мнозинство од граѓаните кои излегоа и гласаа на референдумот. Имплемнтација на Договорот со Грција и усвојување на уставните амандмани очекува и меѓународниот фактор. Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс викендов испрати писмо до претседателот на Владата Зоран Заев во кое му изразува уверување за неговата континуирана поддршка во овој важен момент за земјата и за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција. Во своето писмо Пенс нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија договорот од Преспа и со тоа ја потврдија огромната посветеност за европската иднина на Република Македонија. – Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја, пишува потпретседателот на САД во своето писмо до премиерот Заев со кого минатиот месец имаа средба во Вашингтон. Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини вчера во интервју за МИА порача дека Преспанскиот договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и дека оваа прилика може да не се повтори веќе. – Ги разбирам чувствителностите и комплексната историска позадина на спорот, како и изразените загрижености. Спорот не постоеше толку долго без причина, меѓутоа, како што видовме во минатото, колку повеќе времето минува, толку е потешко да се изнајдат решенија. Преговарачкиот процес мора да бил болен и резултатот е компромис. Но, е компромис со кој успешно се исполнуваат клучните интереси на двете страни. Нашата позиција е јасна: ЕУ целосно го поддржува постигнатиот договор. Ова е уникатна можност за помирување на Западниот Балкан која можеби нема да се повтори. Се надевам дека сите страни ќе ги зграпчат моментот и дека ќе обезбедат иднина во ЕУ за земјата, иднина која цела нација се надева со години да стане реалност. МИА СОБРАНИЕПРАТЕНИЦИУСТАВНИ ИЗМЕНИ Спонзорирано видео

Уставните промени според договорот со Грција пред пратениците