ММФ ги одобри средствата за Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност

Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) во Скопје попладнето во вторникот соопшти дека Извршниот одбор на Фондот го одобрил двегодишниот аранжман за Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност (PLL) во износ од околу 530 милиони евра.

Одобрувањето на аранжманот, како што стои во соопштението, овозможува итна исплата на околу 110 милиони евра, што ќе биде проследено со уште една исплата од околу 155 милиони евра по завршување на првиот преглед планиран во мај 2023 година.

„Северна Македонија се квалификуваше за PLL врз основа на нејзините здрави економски основи, силните рамки на институционалните политики, евиденцијата на добрите економски перформанси и имплементацијата на политиките и посветеноста да се одржуваат таквите политики во иднина“, се наведува во соопштението.

Аранжманот, како што се додава, ќе ги поддржи владините политики за справување со економските последици од пандемијата Covid-19 и војната во Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.