ММФ го одби барањето на Венецула за финансиска помош за справување со епидемијата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го одби барањето на со силната економска криза погодената Венецуела за кредит од пет милијарди долари за да може да се справи со епидемијата од коронавирусот Covid-19.

Во писмото до челничката на ММФ, Кристалина Георгиева, венецуелскиот претседател Николас Мадуро напиша дека петте милиони долари кредит од Инструментот за итно финансирање при ММФ би „претставувале значителен придонесе за јакнење на нашите системи на детекција и реакција“ на епидемијата.

ММФ со овој инструмент им дава на земјите-членки финансиска помош која не ја условува со обемна програма од економски реформи, потсетува AFP.

Само неколку часа подоцна по упатувањето на барањето од Каракас, од ММФ стаса допис дека барањето е одбиено.

„За жал, ММФ не е во позиција да го разгледа барањето, бидејќи не е јасна ситуацијата со меѓународното признавање на владата“, се наведува во одговорот на меѓународниот кредитор чие седиште е во Вашингтон.

„Како што веќе спомнавме, ангажманот на ММФ во земјите членки е условен со тоа меѓународната заедница да ја признава нивната влада, што се одразува и на членството во ММФ. Во моментов не е јасно дали владата (на Венецуела) е призната“, се наведува во соопштението на ММФ.

Во јануари 2019 година опозицискиот лидер и тогаше претседател на парламентот Хуан Гуаидо по сигнал од Вашингтон се самопроглаи за привремен претседател на Венецуела, оспорувајќи ја изборната победа на претседателот Мадуро. Потоа педесетина од над 150 земји во светот предводени од САД го признаа Гуаидо за привремен претседател.

Но тоа не го сторија Русија и Кина, кои се најголемите кредитори на Венецуела, која е земјата со најголеми потврдени резерви на нафта во светот. САД, пак, воведоа бројни остри санкции за извозот на венецуелската нафта, клучниот извор на приходи за оваа латионаемриканска земја.

Здравствениот систем на Венецуела во меѓувреме е тешко нарушен од повеќегодишната економска и политичка криза, а состојбата дополнително ја влишуваат и проблемите во набавката на лековите поради санкциите.

„Тешко дека во резервите имаме и пет отсто од лековите кои ни се потребни“, изјавил за AFP претседателот на венецуеласката лекарска комора, Дагла Леон Натера.

Венецуела досега регистрираше 33 сличаи на зараза со коронавирус, според податоците на Институтот при универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашинтон, а претседателот Мадуро воведе карантин во главниот град Каракас и во пет сојузни земји.

Генералнито секретар на Норвешкиот совет за бегалци, Јан Егеланд, ја сместува Венецуела во истата група земји во со војните разорените Сирија и Јемен, кога станува збор за подготвеноста за справување со заразата од коронавирусот.
„Доаѓањето на вирусот во одредени делови од Венецуела би предизвикал масовно умирање“, предупредува Егеланд.

„Ова е клучен момент, свесми сме исто така дека болеста е многу заразан, па ќе продолжиме да преземамае брзи и силни мерки“, за да се сопре ширењето на пандемијата, напишал Мадуро во писмото до челничката на ММФ.

Венецуела ги забрани летовите кон и од Европа, како и Колумбија, Панама и Домениканската Република. Запрена и наставата на сите нивоа и забранети се спортските настани.