ММФ: Кипар е на добар пат

Напорите на Кипар да ги реши проблемите со огромниот јавен долг би можеле да се одразат на економијата и во следната деценија, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Кипар, во замена за финансиска помош на ММФ и Европската унија, започна тригодишна програма за штедење, откако беше на работ на банкрот.

ММФ наведува дека програмата добро напредува и дека рецесијата, иако е сериозна, не е длабока како што се очекувало, благодарение на скромното економско закрепнување на евро зоната, која го поттикна извозот од Кипар.

Фондот на почетокот на декември ги намали прогнозите за економски пад на Кипар на 7,7 од 8,7 отсто, задржувајќи ја прогнозата од кумулативниот пад на бруто домашниот производ во 2013-та и 2014-тата година од 13 отсто.

БДП-то на Кипар најверојатно ќе се намалува со позабрзано темпо во однос на другите земји од евро зоната кои што се корисници на европска помош.