ММФ: Корпоративниот долг се повеќе се користи за преземање ризици

Меѓународниот монетарен фонд предупреди на растечки тренд на користење на корпоративниот долг за шпекулативни финансиски инвестиции. Тоа, според ММФ, може да ја направи глобалната економија поранлива во следна криза.

Соодносот на корпоративниот долг во напредните економии расте стабилно од 2010 година и сега е на исто ниво како што беше на својот врв во 2008 година.

Иако некои големи економии, како Шпанија и Велика Британија, значително го намалија нивото на нивните долгови, САД имаат континуиран раст на корпоративниот долг од 2011 година,  што достигна рекорд кон крајот на минатата година.

ММФ наведува во истражувачки блог објавен на веб-страницата на Фондот дека употребата на приватниот долг за финансирање на исплати на дивиденда, откуп на акции или спојувања и аквизиции може да предизвика „пошироки пресврти“ во случај на банкрот на компании или ако се обидат да го намалат долгот со кратење на инвестиции или работна сила, јави Си-Ен-Би-Си.

„За разлика од предглобалната финансиска криза, ризиците се концентрирани не само на приватниот сектор, туку и на јавниот сектор, што делумно се должи на нерешеното наследство на глобалната финансиска криза“, се вели во извештајот на ММФ.