ММФ: Многу скоро испраќаме мисија во Аргентина поради тешката економска криза

Меѓународниот монетарен фонд ги продолжува разговорите со Аргентина и ќе испрати мисија во Буенос Аирес многу скоро, изјави денеска портпаролот на ММФ.

„Ние внимателно ги следиме неодамнешните случувања во Аргентина и во тек сме со дијалог со властите, бидејќи тие работат на нивните планови за решавање на тешката состојба со која се соочува земјата“, се вели во изјавата на портпаролот на ММФ, Гери Рис.

„Тим на ММФ ќе отпатува многу скоро во Буенос Аирес“.

Економската криза во земјата се влоши многу повеќе во минатата недела, откако претседателот Маурисио Макри претрпе загуба на првичните избори, а неговиот министер за економија поднесе оставка откако националната валута изгуби многу на вредноста.

Рејтинг-агенциите го намалија нивото на Аргентина во петокот, бидејќи инвеститорите ја напуштаат земјата и перспективите се влошени.

Цените на бензинот се замрзнати на 90 дена како дел од пакет мерки на Макри и најавено е намалуавње на данок на доход за работниците.

Претседателот на Аргентина претходно изјави дека е свесен за финансиските тешкотии со кои се соочуваат граѓаните бидејќи ја „решаваат“ рецесијата и стапката на инфлација од дури 55 проценти.

Макри, како централно-десничарски водач, загуби на претседателските избори во неделата пред популистичкиот кандидат Алберт Фернандез. Макри во телевизиското обраќање пред нацијата рече дека е подготвен да се сретне со лидерите на опозицијата пред општите избори во октомври, за кои се надева дека ќе добие втор мандат.