ММФ ѝ одобри на Украина заем од 15,6 милијарди долари

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) во петокот вечерта одобри четиригодишен финансиски пакет од 15,6 милијарди долари за Украина, како дел од меѓународниот пакет помош во вкупна вредност од 115 милијарди долари, што е прв заем доделен на оваа земја разорена од војна.

Одлуката се очекува да мобилизира големи концесиско финансирање од меѓународните донатори и партнери на Украина за да помогне во решавањето на проблемот со платниот биланс на Украина, да се постигне среднорочна надворешна одржливост и да се врати одржливоста на долгот, се вели во соопштението.

Новиот ткн Проширен фонд (Extended Fund Facility- EFF) ќе овозможи итна исплата на приближно 2,7 милијарди долари на Украина, која влезе во втората година од војната против руската инвазија, покрај огромната помош во финансии и во оружје од Западните земји изминатите годии по превратот во Киев во 2014 година.

ММФ неодамна ги промени регулативите кои дозволуваат одобрување програми за помош за земјите со „екстремно висок ризик“, потсетува агенцијата dpa.

Со ова, Одборот на ММФ го ратификуваше договорот постигнат на 21-ви март по неколкумесечни преговори меѓу претставниците на ММФ и украинските власти. Така, EFF е првата голема финансиска програма одобрена од ММФ за земја погодена од војна од големи размери. Претходната програма на ММФ за Украина од 5 милијарди долари истече минатата година.

„Економското и социјалното влијание на руската инвазија на Украина е поразително“, рече првиот заменик директор на Фондот, Гита Гопинат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Twitter ја поздрави одлуката на ММФ.

„Тоа е голема помош во нашата борба против руската агресија. Заедно ќе ја поддржиме украинската економија. Одиме кон победа“, напиша Зеленски.

Финансискиот пакет од 115 милијарди долари вклучува заем од ММФ, 80 милијарди долари помош и заеми од други земји и простување на долгови до 20 милијарди долари.

„ММФ очекува реалниот брутод домашен производ (БДП) на Украина да се движи меѓу -3 и +1 отсто во 2023 година“, рече тој за прогнозата којашто, сепак, е неизвесна за многу финансиски аналитичари.