ММФ: Трговската војна меѓу САД и Кина е штетна за потрошувачите

Трговската војна меѓу САД и Кина ќе им наштети на потрошувачите во двете земји, предупреди Гита Гопинат, главен економист во Меѓународниот монетарен фонд.

Потрошувачите во САД и Кина несомнено ќе бидат во загуба поради тековните трговски тензии, нагласи таа во порака на блогот на ММФ.

Гопинат посочи дека штетата во економијата ќе биде уште поголема ако се остварат заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за наметнување високи царински давачки за целосен увоз на стоки од Кина.

Таа додаде дека ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина ќе го загрози глобалниот економски раст во 2019 година.