Многу мртви во уривање на рудник на злато во Рим

Голем број луѓе загинале ноќта кон вторникот во уривање на илегален рудник на злато на северот од Чад, каде што владеат безаконието и илегалните копачи на злато, соопшти во четвртокот министерот за одбрана и безбедност, Махамат Абали Салах.

Несреќата се случила во близина на местото Кури Багуди, недалеку од границата со Либија, во покраината Тинести во која е прогласена вонредна состојба.

„Се урнал рудник, не знам точно да ви кажам колку има загинати, но во овие рудници работат многу луѓе. Сигурно загинале голем број луѓе“, рекол во телефонски разговор за AFP, минситерот Салах.

Воен офицер, кој сакал да остане анонимен, споменал „триесетина загинати“, а своето тврдење го темелел на изкази на луѓе присутни на самото место на несреќата.

Властите во Н’Џамана на местото на несреќата упатиле воена единици и соопштија дека очекуваат извештај од теренот.

Споменатот подрчје во покраината Тибести, долж границата со Либија, е надвот од контролата на централните власт. Таму се лоцирани многи нелегални рудници во кои стотици копачи на злато работат за локалните добро вооружени банди.