Мнозинство Германци против членството на Украина во НАТО

Надполовично мнозинство германски граѓани, односно вкупно 53 отсто, се изјасиниле против тоа Украина следните години или воопшто да стане членка на НАТО, а помалку од една третина имаат позитивно мислење за приемот на земјата којашто неколку месеци е во фокусот на ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Русија, пренесува јавниот германски сервис ARD.

Според резулататите од анкетата спроведена на 15-ти и 16-ти февраури врз 1.202 испитаници а објавени во петокот, 31 отсто од испитаниците се изјасниле против приемот на Украина во Алијансата „во следните години“ а уште 22 отсто целосно го отфрлаат членството на оваа земја во НАТО. Други 28 отсто од Германците сметаат дека не треба да бидат одбиени амбициите на Украина да стане дел од блокот, а други 19 отсто од испитаниците воопшто не изразиле никакво став по ова прашање.

Членството на Украина во НАТО е во фокусот на актуелните тензии, при што Москва предложи кон крајот на минатата година на САД и НАТО нацрт-договор за осигурување на руската безбедност.

Руските предлози за договорот кој би требало да ги гарантира безбедноста на Русија и стабилноста и мирот во Европа, меѓу другото содржат: запирање на полтиката на ширење на НАТО, гаранција дека нема да разместуваат офанзивно и стратешко оружје во близина на руските граници и повлекување на Алијансата на границите пред 1997 година, односно пред примањето во членство на поранешните членки на Варшавскиот договор, воениот блок педводен од некогашниот Советски сојуз.

САД и НАТО го отфрлија руските предлози за постигнување договор за запирање на политиката на Алијансата за ширење кон нејзините гранции, во прв ред со примање во членство на Украина и Грузија, но се согласни за преговори за разместување на ракетните арсенали и меѓусебно ограничување на воените маневри.