Мнозинството акционери на „Реплек“ повеќе го симпатизира тандемот Пецовски

Акцијата на фармацевтската компанија „Реплек“ очигледно дека влегува во фокус на инвеститорската јавност. По објавата на „Фактор“ дека мнозинството од присутните акционери не гласале доверба за органите на управување, берзата го замрзна па потоа го одобри тргувањето со таа дивидендоносна акција.

Петокот беше рекорден трговски ден за акцијата на „Реплек“ од аспект на истргуваната количина акции. Истргувани беа 54 акции со право на глас што претставува рекордна истргувана количина за еден ден во период една трговска година. Во ценовна маргина од 99.000 до 99.500 во шест трансакции беше направен промет од 90.000 евра за 0,2 отсто од сите акции во „Реплек“.

Иван Туџаров поседува 11,2 отсто обични акции. Друштво за трговија и услуги Ситко Антоинио Доел има 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти. Владимир Пецоски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецоски 11, 92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто.

Незадоволството е таложено со години, но тиквата пукнала по последните потези на менаџерите на Реплек за поделба на дивидендата, но и показателите за работењето на друштвото. Како што претходно беше објавено, мнозинството акционери со гласање против не ја одобриле работата на Управниот и Надзорниот одбор на „Реплек“, на одржаното Годишно собрание со што според нив, автоматски им престанува функцијата на членовите на одборите. Денеска акционерите за Фактор велат дека треба да се закаже продолжување на оваа седница на Собранието и да се гласа за нови членови на клучните одбори откако претходно акционери ќе достават предлог кој ќе го замени Иван Туџаров досегашниот долгогодишен директор на познатата фармацевтска компанија.

Повеќе прочитајте ТУКА