Мнозинството Британци не поддржуваат ниеден од кандидатите за премиер

Поранешниот министер за финансии и кандидат за челник на владејачката Конзервативна партија и следствено нов британски премиер, Риши Сунка, е „најмалку непопуларен“ меѓу Британците, покажува анкетата на YouGov спроведено од 14-ти до 16-ти октомври на примерок од 1.001 возрасен избирач.

Според податоците објавени во понеделникот, 36 отсто од Британците изјавиле дека го поддржуваат Сунак, додека 64 проценти рекле дека имаат негативен став кон него.

Поранешната министерка за одбрана, Пени Мордонт, која прва ја објави својата кандидатура за премиерската должност, ја добила поддршката на 34 отсто од Британците, додека 67 отсто се негативно расположени за нејзиниот евентуален избор.

Поранешниот премиер Борис Џонсон, кој во неделата вечерта се повлече од обидот повторно да стане премиер велејќи дека не е можно да се обезбеди единство меѓу конзервативните пратеници, ја добил поддршката на 30 отсто од испитаниците, додека другите 70 отсто се против таквата идеја.

Според овие резултати, многу повеќе Британци се изјасниле против секој од кандидатите отколку оние кои ги поддржуваат. Но Сунка има најмала разлика меѓу позитивните и негативните оцени., што го прави „најмалку непопуларен“ кандидат, забележуваат од YouGov.

Притоа 43 отсто од испитаниците позитивно се изјасниле за лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Киер Стармер, додека владејачката Конзервативна партија добила поддршка од само 20 отсто од испитаниците.

Трката за четвртиот британски премиер во четири години забрзана е за да трае само една седмица. Според правилата, само три кандидата ќе може да дојдат до првиот круг на гласањето на пратениците во понеделникот попладнето, а до следниот петок кој ќе биде нов премиер.

Претходно под притисок на нејзините конзервативните пратеници оставка си поднесе премиерката Лиз Трас, по само 44 дена од изборот, што е најкусиот премиерски мандат во британската историја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.