Мнозинството македонски граѓани веруваат во теории на заговор поврзани со коронавирусот, објави Euronews 

Европската телевизиска мрежа Euronews објави во средата прилог посветен на тоа колку од граѓаните на Македонија веруваат во неосновани теории поврзани со коронавирусот, односно теории на заговор.

Во прилогот се објаснува дека најновото истражување покажало дека речиси две третини од македонските граѓани веруваат дека коронавирусот е создаден за да ги контролира луѓето.

Околу 65 отсто од испитаниците рекле дека ја поддржуваат неоснованата теорија дека Covid-19 е вештачки создаден во лабораторија, според анкетата.

Во меѓувреме, голем дел од граѓаните во Македонија веруваа и во други неосновани теории поврзани со пандемијата.

Околу 46 отсто од анкетираните рекле дека вирусот се прска во воздухот со помош на авиони. А 44 проценти мислат дека нивното Министерство за здравство го надувало бројот на жртви од Covid-19 затоа што добиваат пари, се вели во прилогот.