МНР: Двајца македонски патници се тешко повредени, a шест полесно

Осум патници се повредени, од кои двајца се потешко, но не се во животна опасност и шест се здобиле со полесни повреди, потврдија од МНР.

Колегите од Амбасадата на Република Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои двајца се потешко повредени, но не се во животна опасност, а шест се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот, велат во МНР.

Сообраќајната несреќа се случила утринава во 6 часот  меѓу македонски автобус и товарен камион во близина  Линц, Австрија.

Австриските медиуми јавуваат дека сите повредените се згрижени во болница, а поради несреќата бил затворен и автопатот кон Линц.

Според полицијата, до несреќата дошло кога автобусот од Македонија застанал заради дефект, а во него удрил камион.

Камионот бил натоварен со дрва, а по сударот се превртела кабината при што возачот останал заробен. Биле ангажирани спасувачки екипи и тешко повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.