МНР контактира со надлежните органи на Бугарија во врска со најденото тело на македонски државјанин

Безживотното тело на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено во саботаа на 17-ти  декември околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија, потврди во понеделникот македонското Министерство за надворешни работи и додава дека поради случајот е во контакт со надлежните служби во Бугарија.

Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото нашиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата на земјава во Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот.

Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и тие се информирани за случајот.

Се посочува дека министерството и амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.

Претходно извесен Боби Илиоски на својот фејсбук профил сподели за трагедијата што се случила во соседна Бугарија. Имено станува збор за македонск и државјанин кој бил пронајден мтров, а настанот се случил изминатиот викенд.

„Сабота, 17-ти декември, е убиен македонски државјанин во соседна Бугарија, Стојан Спасов. Два дена после неговата смрт, никој од македонските медиуми не го објавува случајот. Столе е пронајден мртов пред шопинг мол. Телото е на обдукција и сѐ уште не знаат како е настаната смртта. Апелирам до медиумите да ја објават веста за неговата смрт! Истовремено апелирам до македонската полиција и до македонските служби да помогне во обдукцијата да се дознае вистинската причина за смртта, и да помогне за враќање на телото во нашата држава“, напиша тој.