МНР купува гориво од Лукоил, а Османи вчера рече дека тоа е финансирање на руската армија, посочи Хоџа

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 порача дека купувањето на руската нафта и гас ја финансира руската војска.

„На сите ни е јасно дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира војната, односно руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност“, посочи Османи.

На ова реагираше и Аријанит Хоџа од Движењето Беса кој објави документ од кој се гледа дека Министерството за надворешни работи го снабдува руската компанија „Лукоил“.

„И како да им се верува на овие кога јавно зборуваат поинаку, а на дело поинаку!? Таков е случајот со Бујар Османи кој рече дека секое купување на бензински пумпи во сопственост на Русија е директно финансирано од Русија во нејзините воени операции во Украина. Сите се согласуваме со тоа. Но, која е вистината? Министерството на чело со Бујар Османи има договор за снабдување со гориво со руската компанија „Лук Оил“, па го прашувам што вели дека купувањето гориво од руска компанија помага во војната на Русија против Украина, што следствено од договорот што го има потпишал дека МНР и помага на Русија!?“, вели Хоџа.

Тој додава дека има и „многу државни институции и оние на чело со кадри на ДУИ кои имаат договори со руската компанија „Лук оил“, па пред да ги советува граѓаните нека се исправи Бујар Османи“.