МНР на Канада: Сноуден треба да се врати во САД и да си ја одлежи казната

Поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД (АНС), Едвард Сноуден, треба да се врати во САД и да ја одлежи својата казна, изјави канадскиот министер за надворешни работи, Џон Берд во интервју за агенцијата „Канадиан Прес“, коментирајќи го писмото на Сноуден упатено до Бразил, во кое тој ветува дека ќе даде дополнителни информации за шпионажа на АНС во оваа земја, ако добие азил.

„Изгледа ќе се согласам со оценките на администрацијата на Барак Обама за ова прашање. Сноуден нанесе значителна штета на националната безбедност на слободниот свет. Тој мора да се врати во САД и да понесе одговорност за своите постапки“, истакнал Берд