МНР на Османи ги осуди нападите на Хамас врз Израел

Министерството за надворешни работи со кое раководи Бујар Османи од редовите на ДУИ се придружи на официјален Брисел во осудата на неселективните напади на палестинскoто движење Хамас врз Израел.

Македонската дипломатија го реобјави твитот на челничката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во кој таа го осудува однесувањето на Хамас.

-Многу сум загрижена од ситуацијата во Израел и Газа. Јас ги осудувам неселективните напади на Хамас врз Израел. Цивилите од сите страни мора да бидат заштитени. Насилството мора да заврши сега”, пишува во пораката за јавноста што ја реобјави министерството што го води Османи.