МНР не знае колку македонски државјани има во Ирак и дали се загрозени во базите

Очите на светската јавноста се вперени кон случувањата во Ирак по нападот на Иран врз американски воени бази. Јавноста го чека обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп, а лидерите на светските организации повикуваат на смирување на тензиите и почитување на нуклеарниот договор.

Општо познато во македонската јавноста е дека во американските бази работат голем број на македонски државјани. А, колкав е нивниот број во базите во Ирак, пак, не е познато.

Одговор на ова прашање нема од Министерството за надворешни работи кое речиси цел ден ги прибира и процесира информациите, пишува Курир.

„До објавување на овој текст, не добивме одговор на поставените прашања за бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во Ирак, нивната состојба, како и евентуален план за нивна евакуација доколку е потребна. МНР не знае колкав број е бројот на македонски државјани кои се потенцијално загрозени по нападите на американските бази Ал Асад и Ирбил во Ирак“, објави овој портал.

Пентагон потврди дека ракетите (над 20) се лансирани од територијата на Иран при што се погодени двете бази. Во нападот загинаа околу 80 американски војници.

Од Генералштабот на АРМ за Курир кусо потврдија дека во базите во Ирак нема македонски мировници.