МНР негира дека ќе има нови обврски надвор од Протоколот со Бугарија

Македонското министество за надворешни работи ги отфрли во вторникот наводите дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво, реципроцитет во рамките на преземените обврски, како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Министерството за надворешни работи се огласи откако во јавноста се шпекулира за нови заемни документи меѓу Македонија и Бугарија.

Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови заемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, Министерството за надворешни работи со внимание го следи процесот на формирање на привмената влада на Бугарија и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата влада. Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата влада се внатрешна работа на Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори, велат од МНР.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.