МНР со протестна нота до Атина

атина

Во протестната нота до грчкото министерство за надворешни работи се бара решение на проблемот во најбрз можен рок.

Писмо, како што велат од МНР, е упатено и до Европската комисија во кое, министерството потенцира дека со тековната блокада на граничниот премин се крши спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ која ја има потпишано и Грција и гарантира слобода на движење на стоки и луѓе.

Истовремено, министерството за надворешни работи од Албанија побарало понуда за условите за користење на пристаништето во Драч со цел непречен извоз и увоз и задоволување на потребите на македонските компании.

Коморите на Македонија и Србија вчера апелираа за деблокада на Евзони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.