МНР вечерва светна во боите на Европската унија

Фасадaта на зградата на Министерството за надворешни работи вечерва светна во боите на Европската Унија (ЕУ).

Како што напиша на својот Фејсбук профил шефот на дипломатијата, Бујар Османи – боите се симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Денеска во Брисел се одржа првата меѓувладина политичка конференција на ЕУ и Северна Македонија, со што започна скрининг-процесот. Почетокот на преговорите е условен со вклучување на Бугарите во Уставот.