МНР: „За ова лично ќе ти се одмаздам“

Два дена пред  големиот македонски празник 23-ти Октомври-ден на македонската револуционерна борба, се случува голем скандал, каде што голем функционер на МНР му се заканил на професор д-р Ванчо Ѓорѓиев со заканувачки зборови: ЗА ОВА ЛИЧНО ЌЕ ТИ СЕ ОДМАЗДАМ“, затоа што ја напуштил заедничката комисија  македонско-бугарска за историски и образовни прашања. Несогласувајќи се со дел од македонската комисија за непринципелност во одлучувањата, како и за прекршување и напуштање на донесената Резолуцијата на Собранието за македонските црвени линии во преговорите со Бугарија од страна на   нејзините членови, на што следува реакции од засегнати институции (Владата на РМ, МНР).

Дека во дел од македонската комисија смрдело во принципиелноста доволно говори и копрестедавачот од бугарска страна, Ангел Димитров кој нагласил дека: „ до попладнето завчера (м.з.21.10.2021) се надевал оти македонските историчари ќе променат нешто во својот однос, откако бугарската страна одново направила некаква остапка и извесни компромиси. Но, вчера нешто се смени и денеска се забележа враќање кон традиционалните ставови на нашите колеги во последниве две години“. Според, Ангел Димитров, до попладнето историчарите работеле на формулации за цар Самоил односно за периодот од 10 и 11 век.  Како и за целокупното средновековие, во кои меѓу другото влегува и прашањето за Охридската архиепископија.

Па, министре Бујар Османи, изјавуваш дека ќе го истражиш случајот, ајде истражи го. Да ти помогнам. Еден твој поранешен колега, министерот Арбер Адеми, кој констатирав дека незаконски се унапредил во наставно-научно звање доцент, како и тогашниот заменик министер за внатрешни работи, а сега заменик министер за правда Агим Нухиу незаконски е унапреден за вонреден професор на Универзитетот во Тетово, од нивна страна како високи владини функционери бев под голем политички притисок и мобинг од страна на овие двајца министри, со притисок: „да внимавам, ќе имам последици по мене и по моето семејство“, „дека ќе ја изгубам работата“ и сл. Тука се вклучи и Зоран Заев и Оливер Спасовски. Но ништо не ми можеа, затоа што не може да се толерира образовен криминал и корупција. Тоа јавно им го кажав и беа запознати сите амбасади во Македонија. Каде добив целосна подршка.

Политичките закани не поминуваат и кај професорот  д-р Ванчо Ѓорѓиев!!! Едно само да знаете, со делувањето на тој „голем“ функционер во МНР, кој делува и работи со политички притисок, делува под раководство на Зоран Заев во ова моја Македонија-хибриден криминален режим.

Министре Османи, бидејќи појма немате од историјата и од дипломатија, час поскоро да си поднесете оставка од функцијата и да не се бламирате со никакви истражувања. Проблемот е во ТЕБЕ – Османи. Тоа што МНР ја финансира комисијата и на прес-конференција изјавуваш дека: „комисијата потпишала договори, со други зборови издвојувате парични средства…“ДА се издвојува парични средства, но тие пари не се твој, туку, на овој напатен народ, кој што и тебе и сите во хибридната влада ви дава. Затоа, мора да одговарате. И ќе одговарате, Ви се ближи крајот.

И нешто друго Османи, да не заборавам, МАКЕДОНЕЦОТ е ПИРЕЈ и има ДУХ НЕПКОРЕН. Тебе ќе те осуди твојот народ – затоа овде заедно живееме и се почитуваме. А вие што заканувате ќе ве нема -сургун.

Професорот д-р Ванчо Ѓорѓиев, има непоколеблив дух и научен опус историски, што ти Османи тоа не го разбираш.

Професоре, зад тебе е МАКЕДОНИЈА!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес