Мојсоски: Нашата главна цел е да се обезбеди системска поддршка

Наумче Мојсоски првиот човек на Агенцијата за Млади и спорт на прес-конференција ги образложи сите нејаснотии поврзани со овогодишниот ваучер-систем.

Поранешниот истакнат репрезентативец вели дека спортот во Македонија конечно ја добива вистинската безрезервна поддршка од владата, која што во иднина ќе биде уште поголема.

„Спортот конечно го враќа своето заслужено место во владините политики. Подршката која што ја даваме е безрезервна, Нашата главна цел е да се обезбеди системска поддршка која што ќе ја добијат спортистите од страна на државата. Тоа е клучно за остварување на високи спортски резултати. Верувам дека овој систем го зголемува интересот за спонзорирање во спортот. Спортот ни е потребен на сите, тој знае да не радува и да не прави горди. Но, и ние му сме потребни на спортот, потребна е нашата поддршка, но и ваша верба дека можеме уште повеќе“, рече директорот на АМС.