Мојсова: Тврдам одговорно дека немаше видливи знаци на повреди на телото на Денис Тот

Директорката на Карил, Маја Мојсова во емисијата 24 анализа објасни зошто Денис Тот бил без видливи траги на насилство при приемот во клиника и како Денис Тот бил донесен и како бил третиран по приемот кога е јавено во МВР за сомнителна смрт.

– Тоа е протокол и од клиника се јавуваат во МВР и за млад и за стар човек, МВР треба да знае дека во тој момент непознато лице починало со сомнителна смрт. Сме виделе натепани луѓе, луѓе повредени во сообраќајки. На телото нема модринки, скршеници, повреди на ребра. Колешката испратила урина за да се откријат супстанци кои го немаше во телото. На компјутерот на мозкот имаше жесток оток кој може да биде од повеќе причини. Извадивме и срцеви ензини за да откриеме зошто срцето престанало да работи и секогаш се покачени кога се врши реанимација. Третманот е овој пациент е ист за ваква ситуација. Ноќта помеѓу четвртокот и петок се прават напори да се одржи во живот. Од 8 часот повторно почнува борбата за живот. Тврдам одговорно дека видливи знаци на повреди немаше. Ако нема циркулација, нема да има траги на насилство. На компјутер не се гледа се, длабоките мозочни стуктури не се гледаат. Во петокот кога ми звонеа новинарите, јас седев со семејството на Тот и им ја објаснував причината зошто починал. Телото е пратено на обдукција, и ако нам не ни е јасно зошто се случува тоа, телото се праќа на обдукција. – рече Мојсова.