Моќта на владината функција, наспроти моќта на законот во хибридниот режим на СДСМ

Колку повеќе го истражувам системот на образование, а посебно системот на високото образование во нашата жална Македонија, толку повеќе моето разочарување се искачува до највисокиот плафон на срамот! Каде живееме??? Каде сме создавале овие години и што сме оставиле зад нашето долгодецениско работење??? Рушевини, пукнатини, дно на дното! Прашувајќи се каде оди нашата татковина, пред мене се појавуваат ликовите на моите колеги кои сум ги менторирал додека сум работел во Државниот просветен инспекторат, колку сега тие се оддалечуваат од моите сугестии, практика споделена со нив и почит која сум ја имал кон нив. Но, власта опива, моќта заспива и оттука сметам дека изворот на сите аномалии во високото образование е резултат на дисбалансот помеѓу оваа моќ.

Ако денес некој е функциониер во Владата тогаш верувајте тој може се’ да прави. Нему неможе никој да му застане на патот. Затоа што тој што треба да му застане на патот е бетер од него. А, ако бидете дел од некоја зграда во МВР и плус владин функциoнер, тогаш можете буквално се’ да правите. Можете да држите на пример настава во службени простории и да спроведувате испити во службени простории, значи моќта на функцијата ви дозволува СЕ’!

Ако сте функционер на Владата, затоа го прашувам Премиерот Ковачевски: Дали знае за оваа дополнителна дејност на проф. Д-р Владимир Пивоваров??? Дали тоа значи дека во службени простории може да држите настава???

Го прашувам министерот Оливер Спасовски: Дали знае дека еден владин функционер кој користи простории во МВР истовремено изведува и дополнителна дејност??? Не е важно дали на тој функционер не му се врши исплата на средства од факултетот каде што предава, затоа што законски не треба да се исплаќа средства по тој основ. Верувам дека универзитетот го почитува законот и не би се впуштил во никакви други активности.

Под претпоставка дека наведениот професор држи настава во службени простории на МВР, прашувам дали тоа го врши за работно време, колку часови одржал и колку од службеното работно време односно како владин функционер посветил на оваа дополнителна дејност??? Согласно акредитираните студиски програми, јасно се знае дека професорот има 3 часа предавања за еден предмет. Ме интересира колку предмети овој професор предава и колку од службеното време и службените простории се користат за овие цели??? Во тој правец да наведам дека воопшто не гледам одговорност кај универзитетот затоа што доколку некој постапува на ваков начин можеби и во универзитетот и не се знае. Значи, едно вакво однесување се сомневам дека може да му наштети на универзитетот! Но, и на МВР и на Владата во целина! Дали станува збор за етичко однесување е прашање кое секој човек си го поставува!

За овие работи имав телефонски разговор со проф. д-р Владимир Пивоваров и истиот ми кажа дека наставата и испитите ги спроведува во службените простории на МВР каде што тој како владин функционер работи. Исто така, ми се закани дека судски ќе се пресмета за овие мои прашања до него за што стојам на располагање. За да му олеснам на овој професор еве може да ми одговори јавно:

1.Дали му мирува работниот однос на факултетот каде што работел и дали тоа мирување е заведено во Агенцијата за вработување како официјална постапка?
2.Дали на пријавница во МВР во изминатите години откога е на функција постои сектор за обезбедување, кој не забележал дека студенти влегуваат и излегуваат во МВР со уредно заведен документ на пријавница?
3.Колку може да се наруши безбедноста доколку се работи на ваков начин?

Почитувани читатели, посебно Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски кој е Куманово, и Премиер – Ковачевски кој исто така е од Куманово, дали одобрувате вакво однесување? Дали сметате дека заканите за судска пресметка со мене ќе ми влијаат да напишам текст со ваква содржина? Претходно јас љубезно го прашав телефонски Пивоваров за овие работи, но тој не покажа достоинствено однесување. Не ми беше целта да го обвинам, ниту да наштетам некому, а пред се’ на универзитетот каде има прекрасни луѓе.

Очекувам одговор на овие прашања и очекувам брзо разрешување од функцијата на овој професор токму заради сето погоре напишано.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес