Мобилна полициска станица на три локации во Аеродром

На три локации во Општина Аеродром ќе патролира мобилната полициска станица – кај паркот Бановина, кај ОУ „Гоце Делчев“ и во Долно Лисиче.

Имено, на 12.7.2014 година мобилната полициска станица од 08:00 до 11:00 часот ќе биде во населба Лисиче, кај паркот Бановина, од 11:00 до 13:00 часот во с. Горно Лисиче, кај ОУ „Гоце Делчев“ и од 13:00 до 16:00 часот во с. Долно Лисиче, на последната автобуска станица на бр.31.

Со цел поттикнување на соработката меѓу граѓаните и полицијата, Мобилната полициска станица се реализира во насока да обезбеди што поголемо присуство и достапност на полицијата, одржување на стабилен јавен ред и мир и безбедност, за што се организирани посебни мото-патроли составени од водач на безбедносен реон и двајца полицајци коишто вршат општи полициски работи за да се откријат заеднички проблемите на зaедницата, упатување на граѓаните во соодветни институции, како и преземање мерки и активности по конкретни пријави од страна на граѓаните.

Планот за работа на мобилната полициска служба е истакнат во месната заедница Горно Лисиче Запад, Горно Лисиче Југ и Долно Лисиче, како и на сајтот на Министерството за внатрешни работи, со цел граѓаните подобро да се запознаат со нивното дејствување.